spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаБитиќи од првиот регионален програмски дијалог на ЗКФ: Иднината на светот нè...

Битиќи од првиот регионален програмски дијалог на ЗКФ: Иднината на светот нè повикува и ние одговараме, треба да се гордееме со тоа

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на отворањето на регионалната конференција за регионален програмски дијалог на Зелениот климатски фонд (ЗКФ) за Источна Европа и регионот на Централна Азија, која во следните 5 дена ќе се одржува во Скопје.

Во продолжение ви го проследуваме неговото интегрално обраќање:

„Навистина е голема чест што можам да го отворам Регионалниот програмски дијалог на Зелениот климатски фонд за Источна Европа и регионот на Централна Азија. Ова е наша прва можност од 2018 година да видиме поширока слика за Регионален програмски дијалог за Источна Европа и регионот на Централна Азија, додека за регионот на Западен Балкан ова е прва конференција од ваков вид и затоа е огромно задоволство што токму нашата земја, Република Северна Македонија е домаќин на овој настан. Идејата да бидеме домаќини на Регионалниот програмски дијалог потекнува од моето учество на Глобалниот програмски дијалог на Зелениот климатски фонд кој се одржа во 2022 година во Сонгдо, Кореја, каде го согледав целосниот потенцијал и одлучив да преземам водство за да бидеме домаќини на оваа важна конференција.

Заедно со мојот тим имаме блиска соработка со тимовите од Зелениот климатски фонд во сите процеси на подготовката на проекти и нивно спроведување и имавме прилика одблиску да го видиме влијанието што го има Зелениот климатски фонд кога се соочува со климатските предизвици. Ова влијание е од голема важност, не само за нашата земја и за регионот, туку и за нашата заедничка планета. Дел од деталите за овој настан беа дискутирани и на маргините на 78-то Генерално собрание на Обединетите Нации како и на Самитот за Целите за одржлив развој изминатиот септември, кога имав чест да се сретнам со г-ѓа Мафалда Дуарте и нејзиниот тим, додека го потпишувавме Договорот за Привилегии и имунитети за Зелениот климатски фонд, со што дополнително ја зајакнавме нашата соработка. Дозволете ми да ви посакам, добредојде во нашата земја. Со нетрпение очекувам да ја прошириме соработката и да ги видиме нејзините плодови и влијание.

Значењето на овој Регионален програмски дијалог е уште поголемо имајќи предвид дека доаѓа веднаш по усвојувањето на Стратешкиот план на Зелениот климатски фонд за периодот 2024 – 2027 година, што следи по заклучоците донесени на COP28 и сите ние треба да имаме глобално усогласена реакција на овие предизвици. На овие настани се очекува владите да воспостават нова климатско-финансиска цел, со што ќе се покаже обемот и итноста на климатските промени. Додека на COP 30 владите мора да дојдат подготвени со нови национално определени придонеси што се однесуваат на целата економија, ги покриваат стакленичките гасови и се целосно усогласени со границата за 1,5°C температура.

Со ова, ние ја потврдуваме глобалната насока кон развој на свет кој нуди поддршка што е потребна за соочување со предизвиците од климатските промени и постигнување на целите за одржлив развој.

Почитувани,

Зелениот климатски фонд како глобален механизам е клучен за сите земји во развој, вклучително и Северна Македонија. Достапните средства на земјите во развој и неразвиените земји за поддршка на нивните заедници и нивните граѓани, за решавање и прифаќање на климатските промени, треба да биде исклучително важно за сите влади. Со потенцирањето на важноста на Зелениот климатски фонд за Република Северна Македонија, од суштинско значење е да се подвлече нашата плодна соработка.

Откако започна нашето партнерство со фондот, Република Северна Македонија успешно обезбеди одобрување на 5 целосни проекти и 4 програми за подготвеност и поддршка, како и предлог проектот за Национален план за адаптација кој наскоро ќе биде одобрен. Покрај тоа, започнавме со процес за акредитација за нашето Национално тело да стане тело со директен пристап за Зелениот климатски фонд. Тоа е Фондот за иновации и технолошки развој. Преку овој процес на акредитација на Фондот за иновации, ние се стремиме кон поттикнување ангажман на приватниот сектор, со што ќе се искористат иновативните пристапи за ефективно соочување со климатските предизвици. Во оваа прилика би сакал да ја изразам мојата благодарност на акредитираните тела и партнерите за испорака за нивниот пристап на соработка и непрекинатата посветеност во унапредувањето на нашите напори за обезбедување ефективно спроведување на иницијативите за климатско дејствува, како и националните и стратешки приоритети кои не се поврзани само со Агендата за одржлив развој на Обединетите нации, туку и со нашиот пат кон интеграција во Европската Унија и усогласување со неа.

Почитувани,

Во натамошната соработка со Зелениот климатски фонд, Република Северна Македонија би земала активното учество во отворањето регионални канцеларии на Зелениот климатски фонд и ние сакаме да се понудиме како потенцијал домаќин за таква канцеларија. Како што споменав и претходно, ја препознаваме важноста од регионалниот пристап и соработка и важноста од регионалното присуство на Зелениот климатски фонд. Ние сме сигурни дека преку оваа можност може да се потенцира постигнувањето на мандатот на Зелениот климатски фонд и неговите цели, особено по добивањето значителен поттик во текот на второто обновување на COP 28, кога земјите се заложија дека ќе обезбедат нови средства. Со тоа доаѓаме до рекордни 12,8 милијарди долари од 31 земја, со што ова е најголемиот светски придонес во однос на справувањето со климатските промени. Го поздравувам ова и ни честитам на сите, глобално, како и за добрите вести што ги добив од мојот тим кој ме информираше за ново-одобрените проекти од Зелениот климатски фонд и нивниот одбор. Ги поздравувам Ерменија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Узбекистан, заедно со Индонезија и Непал за целосниот голем проект: Програмата за е-мобилност со вкупно средства од ЗКФ од 169,9 милиони долари со Азиската развојна банка како акредитирано тело. Со нас се нивни претставници тука. Честитки уште еднаш.

За крај, би сакал да кажам дека го гледам овој регионален дијалог како значајна можност да се олесни размената на знаења меѓу земјите учеснички, со што се подобрува соработката со другите национални именувани тела и истражувањето на места за соработка и регионален пристап кон регионалните и глобални предизвици. Освен тоа, овој настан е важен, затоа што претставува досега можност да се надмине јазот меѓу Зелениот климатски фонд и земјите и чинителите во регионот. Тој нуди потенцијал за воспоставување присуство на Зелениот климатски фонд во регионот, со што ќе се поттикне поголем ангажман и усогласување со регионалните интереси и приоритети.

Би сакал да искажам искрена благодарност за дарежливоста околу средствата и непоколебливата поддршка што им се дава на земјите во развој во глобалната борба со климатските промени. Навистина би сакал да видам како заклучоците добиени од овој регионален програмски дијалог што ќе се донесат во следниве 5 дена, се претставуваат на претстојните настани за климатски промени. Заедно поставуваме цврсти темели за идните потфати и дејства насочени кон соочувањето со претстојните предизвици. И би сакал да им честитам на Азербејџан затоа што годинава тие се домаќини на COP 29.

Иднината на светот нè повикува и ние вака одговараме. Треба да се гордееме со тоа!

Ви благодарам!“

Извор: Влада

Прочитајте