spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Пролетна акција во населба Хром

Ѓорче Петров: Пролетна акција во населба Хром

Комуналните служби на Општина Ѓорче Петров уредуваа во населба Хром, односно на потегот од ул.Стево Филиповиќ до крајот на ул.Исаија Мажовски, каде што се уредуваа зелените површини, се собираа лисја и се собираше сметот кој е затекнат на локациите.

Во текот на наредните денови, пролетната акција ќе продолжи и на другите улици во населба Хром, а ќе се уредуваат сите зелени површини во населбата.

Апел до жителите на Хром за совесно однесување и користење на поставената урбана опрема, се со цел истата да биде во функција и да им служи на сите жители кои ги посетуваат парковите и ги поминуваат пролетните денови низ населбата.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте