spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Делегација на Хрватска во посета на општината

Центар: Делегација на Хрватска во посета на општината

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и жупанот на Копривничко-крижевачка жупанија, Дарко Корен, го посетија училиштето „Киро Глигоров“, каде во тек е јавна набавка за фирма изведувач на фотоволтаични централи, училиштето „Коле Неделковски“, каде што се одвиваат градежни активности за доградба на училиштето и посета на градинката во градба „Пролет“.


Општина Центар е првата општина која ја започна енергетската транзиција со поставувањето на фотоволтаични панели на кровот на градинката „Пепелашка“.


„Нашиот поттик да отпочнеме со процедури и да го оформиме „Енергија Центар“, доаѓа токму од позитивните искуства на Хрватска. Со жупанот Корен, денес разменуваме искуства за поставените фотоволтаици, но и стекнуваме нови информации од нив. Се надевам дека нашата соработка ќе се интензивира и ќе се продлабочи на ова поле, со цел најголем бенефит да имаат граѓаните“, изјави Герасимовски.

Извор: Општина Центар

Прочитајте

АФПЗРР: Примопредавање на должноста Директор помеѓу Директорот Бачовски и новоименуваниот Директор...

0
Денеска во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се изврши примпоредавање на должноста Директор помеѓу Директорот Никица Бачовски и...