spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Доделено признание од Црвен крст за учество во крводарителски акции и...

Центар: Доделено признание од Црвен крст за учество во крводарителски акции и успешна реализација на заеднички проекти

По повод одбележување на 79-годишниот јубилеј од Ден на формирање на Црвениот крст на Република Северна Македонија и Денот на крводарителството, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, имаше свое обраќање на свечениот настан што се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот. На градоначалникот му беше доделено признание од Црвен крст за учество во крводарителски акции и успешна реализација на заеднички проекти.

Општина Центар реализираше низа успешни проекти, а годинава за првпат лицата со попреченост ќе добијат бесплатен превоз до здравствените установи. Хуман проект со кој го олеснуваме животот на оние на кои тоа им е најпотребно.
Општината со Црвен крст соработува и во рамките на здравствената заштита и заштита на децата, како и едуцирање на негувателките, наставниот кадар и ученици во општинските основни училишта, како да постапуваат во ургентни ситуации.
Соработката продолжува и во наредниот период , со нови проекти што ќе придонесат нов квалитет во животот на Центарци.

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Град Скопје: Одбележување на 26 јули

0
Делегација предводена од Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, оддаде почит во сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, што пред 61 година го остави...