spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Герасимовски и Дарко Корен од Хрватска разменуваат искуства за енергетиката, децентрализацијата...

Центар: Герасимовски и Дарко Корен од Хрватска разменуваат искуства за енергетиката, децентрализацијата и европските фондови

Делегацијата на Копривничко крижевачка жупанија денеска во посета на Општина Центар, со цел да се продлабочи меѓусебната соработка. Жупанот Дарко Корен и градоначалниот Герасимовски на работниот состанок ги разгледаа можностите за размена на искуствата во доменот на енергетиката, децентрализацијата, користењето на европските фондови.

,,Спогодбата за соработка во институционалната, економската и културната дејност меѓу Копривничко-крижевачката жупанијата која се потпиша минатото лето е добра основа да соработуваме и влечеме искуства од нашите колеги кои повеќе од една деценија се дел од ЕУ. Нивната експертиза во доменот на европските фондови и користење на истите за производство на зелена енергија и проекти во доменот на образованието, културата и стопанството ни се добредојдени. Регионот мора да си помага, не само на центарлно, туку и на локално ниво“ истакна Герасимовски на работниот состанок со делегацијата од хрватската жупанија.

Жупанот Дарко Корен истакна дека односите мегу двете земји се на високо ниво, но во исто време мора да се зајакнуваат и врските меѓу локалните самоуправи.

„Децентрализацијата е европски тренд и мора да го следиме. Мораме и да ги споделуваме и европските искуства, особено во областа на енергетиката. Чистата и обновлива енергија е нешто кон што и ние како жупанија тежнеме и веќе длабоко сме навлезени во таа проблематика. Затоа сме овде денеска. Да соработуваме за да имаме регион кој енергетски ќе биде компатибилен со она што се случува сега во ЕУ“, истакна Корен.

На средбата градоначалникот Герасимовски на Корен му го подари „Фениксот“, обележје на општината како симбол на повеќекратната преродба на градот и општината по разните доживеани катастрофи низ историја, додека од жупанот Корен пак доби слика во уникатниот стил на „наивата“, уметнички правец по кој е препознатлива Хрватска.

Градоначалникот Герасимовски заедно со жупанот Корен и хрватската делегација беа во училиштата „Коле Неделковски“ и Киро Глигоров“, како и во градинката во градба „Пролет“ каде се планира поставување на фотоволтаични централи.

Извор: Општина Центар

Прочитајте