spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedЦентар: Унапредување на оралното здравје кај децата од предучилишна и училишна возраст,...

Центар: Унапредување на оралното здравје кај децата од предучилишна и училишна возраст, граѓаните од социјално загрозени семејства и корисниците на пензија

Примарна цел на овој проект е подигнување на свеста, превенција на оралните
заболувања и одржување здрава орална хигиена кај децата од предучилишна и
училишна возраст, граѓаните од социјално загрозени семејства и корисниците на
пензија жители на Општина Центар-Скопје. Сите клинички процедури ќе бидат
изведени во рамките на практичната настава со студентите од Стоматолошки
факултет, а под надзор на наставно-научниот, научниот и соработничкиот кадар на
Факултетот. Заинтересираните лица ќе може да закажат термин од понеделник до
петок од 08:00 до 14:00 часот, на телефонскиот број на Универзитетот „Св. Кирил и
Методиј” – Скопје, Стоматолошки факултет-Скопје, по принципот прв дојден прв
услужен. Учесниците во проектот преку санирање на оралните заболувања, освен
придобивките за здравјето, ќе се здобијат и со поголема самодоверба што ќе влијае
и врз социјалниот општествен аспект.

Целни групи:
– Деца од предучилишна и училишна возраст (до 18 години), жители на
територија на Општина Центар-Скопје,
 (НОВА УСЛУГА)
– Граѓани од социјално загрозени семејства (кои имаат потврда од МТСП), жители
на територија на Општина Центар-Скопје 
(НОВА УСЛУГА) и
– Корисници на пензија, жители на територија на Општина Центар-Скопје.

Потребни документи:
– За децата од предучилишна и училишна возраст (до 18 години), со важечка
лична карта од родител/старател жители на територија на Општина Центар-Скопје,
– За граѓаните од социјално загрозени семејства со важечка лична карта и
потврда од МТСП, жители на територија на Општина Центар-Скопје и
– За корисници на пензија, со важечка лична карта и чек од пензија од
последниот месец, жители на територија на Општина Центар-Скопје.

Потребни документи:
– За децата од предучилишна и училишна возраст (до 18 години), со важечка
лична карта од родител/старател жители на територија на Општина Центар-Скопје,
– За граѓаните од социјално загрозени семејства со важечка лична карта и
потврда од МТСП, жители на територија на Општина Центар-Скопје и
– За корисници на пензија, со важечка лична карта и чек од пензија од
последниот месец, жители на територија на Општина Центар-Скопје.

Очекувани резултати:
– Полесен пристап на децата од предучилишна и училишна возраст, граѓаните од
социјално загрозени семејства и корисниците на пензија до поголем обем на
стоматолошки здравствени услуги што ќе бидат сеопфатни, квалитетни,
превентивни и куративни услуги;
– Зголемување на свесноста за потребата за грижа за оралното здравје и
превенцијата на оралните заболувања кај индиректните корисници и др..

Реализатор:
– Сектор за јавни дејности – Одделение за социјална и здравствена заштита и
заштита на децата;
– Универзитет „Св. Кирил и Методиј”-Скопје, Стоматолошки факултет – Скопје.

Период на реализација: континуирано во текот на цела година.

Stomatoloski fakultet i Opstina Centar

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...