spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Средба со претставници на граѓанскиот сектор – членки на Платформата за...

ДКСК: Средба со претставници на граѓанскиот сектор – членки на Платформата за борба против корупцијата

Претседателката и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на ден 12.03.2024 година одржаа средба со претставниците на граѓанскиот сектор – членки на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, во состав: Институт за демократија Социетас Цивилис Скопје, Коалиција за правично судење, Македонски центар за меѓународна соработка, Хелсиншки комитет за човекови права, Транспаренси Интернешнал Македонија  и Здружението Конект.

Средбата се одржа на иницијатива на ДКСК, со цел запознавање на членките на Платформата со новиот состав на ДКСК и разгледување на можностите за унапредување на соработката.

Претседателката и членовите на ДКСК накратко ги информираа претставниците на Платформата за превземените активности во однос на спроведување на законските надлежности на ДКСК од почетокот на својот мандат, како и за предизвиците со  кои се соочуваа ДКСК, посебно акцентирајќи ги надлежностите во изборниот период за претстојните претседателски и парламентарни избори.

Претставниците на граѓанскиот сектор ја истакнаа потребата од преземање на дополнителни активности и користење на алатки за зајакнување на интегритетот од страна на учесниците во изборниот процес, како и преземање на мерки во случаите кога постои сомневање за прекршување на законите во изборниот процес.

Претседателката Димитровска истакна дека соработката на ДКСК со граѓанските организации е од особена важност во зајакнување на механизмите за превенција и поефикасна борба против корупцијата.

Претставниците на граѓанските организации искажаа задоволство од досегашната успешна соработка и го поддржаа предлогот на ДКСК за продлабочување на истата со склучување на нов меморандум.

Извор: Државна комисија за спречување на корупција

Прочитајте