spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Заедничко планирање на активности во рамките на Проектот на УСАИД   ...

ДКСК: Заедничко планирање на активности во рамките на Проектот на УСАИД    „Партнерство против корупција“

Во периодот од 14 до 15 март 2024 година, Државната комисија за спречување на корупција и тимот на Проектот на УСАИД “Партнерство против корупција” одржаа дводневна работилница за планирање и заедничко креирање на приоритетни активности кои ќе бидат реализирани во рамките на проектот.

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, ја истакна огромната благодарност за организирање на работилницата, со која и формално започнува проектот. „Огромен предизвик е постигнувањето на целите на проектот, во насока на зајакнување на институционалните капацитети на ДКСК, како и усвојување на политики и механизми за спречување на корупцијата. Од исклучително значење за ДКСК е поддршката на меѓународните партнери како што е УСАИД имајќи ги предвид ограничените буџетски и кадровски капацитети со кои располагаме,“ додаде Димитровска.

Целта на проектот е изнаоѓање на системски решенија за спречување на корупцијата во соработка со локалните партнери, како што е ДКСК која е многу значајна институција во системот на превенција и искоренување на корупцијата во Република Северна Македонија. „Проектот ќе се работи на зајакнување на системите на национално ниво за поддршка на борбата против корупцијата преку заедничко дизајнирање на активности со цел ефективно да им се пристапи на локалните потреби со локални решенија“, истакна Барбара Џејмс, директорка на проектот.

Во продолжение на работилницата, претседателката и членовите на ДКСК како и вработените од Секретаријатот на ДКСК, заедно со тимот на Проектот дискутираа за листата на приоритети и можностите за нивна реализација во рамките на проектот, утврдување на конкретни активности и временска рамка за нивна реализација.

Извор: Државна комисија за спречување на корупција

Прочитајте