spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Бајрами се сретна со претставници на СИГМА

МИОА: Министерот Бајрами се сретна со претставници на СИГМА

Министерот за информатичко општество и администрација, Наим Бајрами, денеска имаше средба со преставници од СИГМА (заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија),  каде во конструктивна атмосфера се разговараше за тековните активности поврзани со спроведувањето на оценската мисија на СИГМА во нашата земја и за заедничката и успешна соработка.

Имено, во тек е спроведување на оценската мисија од страна на СИГМА,  за прогресот на спроведување на реформите во јавната администрација во земјите – кандидати и потенцијалните кандидати за членство во Европската Унија.

Преставниците на СИГМА го информираа министерот за процесот на оценските мисии кои се спроведуваат редовно и во согласност со дефинирана методолошка рамка која е еднаква за сите земји.  Врз основа на наодите од овие оценски мисии, Европската Комисија го оценува напредокот и подготвеноста на јавната администрација да ги спроведува политиките на ЕУ.

Спроведувањето на мониторингот се врши со внесување на податоци во инфoрматичкиот систем на СИГМА  во различни области согласно методолошката рамка по што следи спроведување на интервјуа со претставници на надлежните органи на државната управа и државни органи.

Министерот Бајрами посочи дека Министерството како координатор на процесот на реформата на јавната администрација во Северна Македонија континуирано дава целосна поддршка на спроведувањето на оценската мисија и согласно планот во моментот  се одвиваат интервјуа со сите инволвирани институции.

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте