spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБутел: Изградба на Спортско-рекреативниот центар “Бранители” во населеното место Љуботенски пат

Бутел: Изградба на Спортско-рекреативниот центар “Бранители” во населеното место Љуботенски пат

ОВА ЦЕЛОСНО РУИНИРАНО ИГРАЛИШТЕ НА ЉУБОТЕНСКИ ПАТ ЌЕ ПРЕРАСНЕ ВО ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ ОТВОРЕНИ СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИ ЦЕНТРИ ВО ГРАДОТ

Овој нов комплекс ќе се протега на површина од 5000 м2.

Ова е место на коешто во минатото пораснаа многу генерации, но за жал изминатите години беше целосно запуштено и претворено во депонија.

Спортско-рекреативниот центар “Бранители” којшто ќе се протега на површина од 5000 м2 ќе има модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова метална ограда и ново лед осветлување. Исто така, ќе се изгради ново баскет игралиште со специјална подлога, ќе се изврши реконструкција на детското игралиште, ќе биде изградена нова фитнес зона за вежбање и рекреирање, нов парк и нови зелени површини, нови пешачки патеки, урбана опрема, како и ново лед осветлување.

Општина Бутел се менува. Граѓаните го добиваат тоа што го заслужуваат – модерна и урбана општина со многу содржини.

Извор:: Општина Бутел

Прочитајте

АХВ: Забрана за увоз и употреба на желудник од живина во...

0
Поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето (можна контаминација со патогени- бактерии и вируси,...