spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Државниот секретар Чекиќ Дуровиќ, доствари средба со Дауфин, Директор на регионалната...

МЕ: Државниот секретар Чекиќ Дуровиќ, доствари средба со Дауфин, Директор на регионалната канцеларија за Западен Балкан од Француската Развојна Агенција

Во рамки на официјалната посета на претставници од Француската Развојна Агенција (Аgence Française de Développement – AFD) се оствари работна средба со која претседаваше  Државниот секретар г-ѓа Размена Чекиќ-Дуровиќ, а на истата присуствуваа претставници од секторот за енергетика во Министерството за економија  г-ца Катерина Билбилоска, советник за енергетска ефикасност и г-ѓа Ирина Пашовска, соработник за праведна транзиција, додека од страна на Француската Развојна Агенција присуствуваа г-дин Арнауд Дауфин, Директор на Регионалната канцеларија на Француската Развојна Агенција за Западен Балкан и г-ѓа Мелани Малинвауд, координатор на проекти за Регионалната канцеларија на Француската Развојна Агенција за Западен Балкан.

На средбата, претставниците од Француската Развојна Агенција беа запознаени со работата на Министерството за економија, а особено со статусот и активностите поврзани со енергетската ефикасност, можните инвестиции и процесот на праведна транзиција, статусот на самиот процес од аспект на поставените структури за управување и Инвестицискиот план за забрзана транзиција од јаглен на Република Северна Македонија.

Посетата на претставниците од Француската Развојна Агенција беше поврзана со Првата Стратешка Мисија за планирање на инвестициите од Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) која се одржа на 18.03.2024 година во просториите на Европска Делегација во Северна Македонија. Главната цел на посетата беше билатерален состанок со цел да се подискутираат дополнително активностите на Француската Развојна Агенција кон можната соработка и партнерство во потребите на Министерството за економија за исполнување на целите од енергетска ефикасност и Планот за забрзана транзиција од јаглен.

На состанокот се согледаа голем број на можности за соработка кои ќе се разгледаат подетално во наредниот период преку можните начини за реализација.

Извор: Министерство за економија

Прочитајте

Центар: Одличен музички хепенинг со силна порака против врсничкото насилство ...

0
Општина Центар се приклучи на кампањата и спроведе низа работилници и обуки за наставниците и стручните соработници од училиштата за рано препознавање, превенција и...