spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиСиндикатот Млади Плус, домаќин на млади синдикални активисти

Синдикатот Млади Плус, домаќин на млади синдикални активисти

Од 10.03 до 12.03.2024 година, во Љубљана (Словенија) се спроведоа дел од активностите на проектот “Trade Unions – New Impetus for Youth Participation”. Домаќин на оваа фаза од проектот беше Синдикатот Млади Плус кој угости 30 млади синдикални активисти од Македонија, Србија, Турција и Грција, а беше домаќин и нашите неформални партнери од Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Домаќините, ги запознаа учесниците од партнерските организации со добрите практики, но и со начинот на кој како Синдикатот Млади Плус ги организира своите членови до 35 годишна возраст како ги застапуваат своите членови и кои се проблемите со кои се соочуваат членовите на синдикатот Млади Плус.

Исто така во склоп на оваа посета, беше одржана и средба со релевантни партнери на Синдикатот Млади Плус, а учесниците беа запознаени со соработката кои тие ја имаат меѓусебно.
Како задачи и заклучоци кои беа договорени на оваа средба се сите учесници, во склоп на своите работни организации да ги запознаат младите членови во нивните синдикати со начинот на делување на Синдикатот Млади Плус, но и со проблемите со кои се соочуваат младите членови на Синдикатот во Словенија.

Следна активност од овој проект е голема кампања насловена: “Trade Unions are IN – get involved, influence, act”, за која ќе бидат изработени видео спотови со пораки до младите.

Проектот “Trade Unions – New Impetus for Youth Participation” го координира Синдикатот на УПОЗ од Македонија, а се реализира со поддршка на Европската комисија преку Програмата Еразмус + КА3 – European Youth Together.

Извор: УПОЗ

Прочитајте

МЗ: Манолева на билатерални средби со министрите за здравство на Словенија...

0
Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева оствари билатерални средби со министерката за здравство на Република Словенија, Валентина Преволник Рупељ и д-р Шимон Војислав,...