spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВлада: Владата активно работи на изнаоѓање решение за ФИНКИ

Влада: Владата активно работи на изнаоѓање решение за ФИНКИ

Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за образование и наука, е во континуирана комуникација со раководството на Факулетот за информатички науки и компјутерско инжинерство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје и во тек се активности за изнаоѓање времено решение во врска со обезбедувањето соодветен простор за спроведување на наставата на Факултетот, како и реализација на трајното решение.

Владата покажа дека е цврсто определена кон изнаоѓање решенија за какви било предизвици низ дијалог со сите засегнати страни и на тој начин е пристапено и кон ова прашање.

Краткорочното решение ќе се дефинира на средба помеѓу претставници на Службата за општи и заеднички работи, во соработка со Факултетот за информатички науки и инжинерство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје, согласно владин заклучок. 

Владата ја разгледа Информацијата за обезбедување простор за потребите на Факултетот за информатички науки и инжинерство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје и веќе ја задолжи Службата за општи и заеднички работи на Владата, во соработка со Факултетот и во конкретен рок од три месеци, да разгледа алтернативни решенија, до реализацијата на трајното решение.

Воедно, Владата информира дека е одлучна да обезбеди достоинствени услови за настава на студентите на ФИНКИ во предвидениот нов современ објект кој започна да се гради во 2015 година и активно работи на надминување на проблемот што се појави поради стечај на фирмата- изведувач на градежните работи.

Се очекуваат извештаите од ревизијата на проектот и проценката на извршените активности од договорот коишто се во надлежност на релевантни органи, по што веднаш ќе се пристапи кон избор на нов изведувач, што целосно и во ефикасна процедура ќе го изгради новиот објект на Факулетот за информатички науки и компијутерско инжинерство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје.

Извор: Влада

Прочитајте

Велес: Реконструкција на улицата „Луј Пастер“

0
Целосно ќе се реконструира улицата „Луј Пастер“. Во тек се подготвителни зафати за отпочнување на реконструкцијата на улицата, се руши потпорниот ѕид со цел...