spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Во црквата Св.„40 маченици“ во с.Орман одбележан празникот Младенци

Ѓорче Петров: Во црквата Св.„40 маченици“ во с.Орман одбележан празникот Младенци

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска христијанскиот празник Младенци традиционално го дочека со сограѓаните за кои овој ден е од големо значење, особено за мештаните од с.Орман кои масовно прославуваат во локалната црква Св.„40 маченици“.

-Со радост и во весела атмосфера си го честитав денешниот ден со ѓорчепетровци собрани од сите краеви на општината, и традиционално го прославивме споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера. Ова е празник и на младоста и љубовта, поврзан со многу обичаи. Празничните христијански денови поминати со својот народ се секогаш одлична можност заеднички да се помолиме за здравје, но и да поразговараме за секојдневието во Ѓорче Петров, за она што недостига и каде можеме да интервенираме за да бидеме подобри – рече Стојкоски.

Со среќа и честито, додаде, и за сите венчани минатата година. -Ви посакувам долг и среќен брак. Честит именден и на сите славеници. Поминете го денешниот ден во здравје и радости – подвлече Стојкоски.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Град Скопје: Одбележување на 26 јули

0
Делегација предводена од Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, оддаде почит во сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, што пред 61 година го остави...