spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Во соработка со Јавните претпријатија пролетни активности

Битола: Во соработка со Јавните претпријатија пролетни активности

Општина Битола, заедно со ЈП Комуналец, КЈП Нискоградба и ЈКП Водовод, од утре започнуваат со спроведување на активности во рамките на „Неделата на пролетта“. Активностите, во вторник започнуваат со чистење на диви депонии кај германските гробишта и месноста Кркардаш, а во среда планирано е уредување на Градскиот парк и замена на клупи и канти за отпадоци низ Широк Сокак. Почетокот на пролетта ќе го означи и засадувањето на садници во Новиот парк во Нова Битола, а во петок, започнува со редовна работа кугланата во Спортската сала „Боро Чурлевски“.

„Неделата на пролетта“, го најавува почетокот на повеќе активности, кои се однесуваат на хортикултурно и инфраструктурно уредување на повеќе локации, кое општината ќе продолжи да го реализира од идната недела.

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...