spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Почна да се гради нов ученички дом

Струмица: Почна да се гради нов ученички дом

Струмица ќе има нов ученички дом за сместување на учениците од соседните општини кои се школуваат во средните училишта. Овој нов дом е предизборно ветување на градоначалникот Костадин Костадинов, а коешто се реализира на барање на граѓаните, бидејќи постоечкиот дом и покрај напорите за негово одржување, не овозможува квалитетни услови за сместување на учениците.

-Денеска сме на увид на реализација на првата фаза, за која морам да бидам искрен дека поради непредвидени работи, пред се мислам на подземна инсталација за која што бевме оневозможени да имаме информација за каква инсталација станува збор, заради подземните води се направени 3 дренажни бунари за акумулација на подземната вода и овозможување пристап на изведувачот кој денеска ги поставува темелите. Очекуваме првата фаза до крајот на јули да биде завршена и таа Општината, односно граѓаните ќе ги чини 25 милиони денари, а за реализација на целиот проект ќе бидат потребни 100 милиони денари и како градоначалник ја имам обезбедено динамиката на финансирање. Изградбата на новиот ученички дом, реконструкцијата на речиси сите училишта, изградбата на спортски сали во сите средни училишта во општина Струмица, не ставаат на пиедесталот во Македонија во однос на условите за едуцирање на учениците од основните и средните училишта во Општината, рече Костадинов.

Извор: Општина Струмица

Прочитајте

Охрид: Успешно реализирана еколошката акција „Генералка Викенд“

0
Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во петокот на 17-ти...