spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Освоен Килиманџаро

Делчево: Освоен Килиманџаро

На прием кај градоначалникот Трајковски беше Мира Симоновски која пред неколку дена направи огромен подвиг освојувајќи го  врвот Ухуру 5895 метри на планината Килиманџаро. Уште поголем подвиг е тоа што г-ѓа  Мира Симоновски го освои врвот на 74 годишна возраст и има само уште двајца луѓе во светот кои на оваа возраст се искачиле на врвот  Ухуру на Килиманџаро. Годишно околу 15000 луге се обидуваат да го искачат тој врв,но успеваат само 40% од нив.

На приемот беа присутни и директорите на училиштата во нашиот град ,кои исто така имаа можност да слушнат за огромното искуство  кое што го пренесе г-ѓа Мира Симоновски ,а тие да го пренесат истото во училиштата на нашите ученици.

Општина Делчево ќе додели плакета на нашиот нов амбасадор Мира Симоновски на денот на ослободувањето на Делчево.

Погледнете: 👀👉 Општина Делчево

 Извор: Општина Делчево

Прочитајте

Град Скопје: Одбележување на 26 јули

0
Делегација предводена од Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, оддаде почит во сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, што пред 61 година го остави...