spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Градоначалникот Пецаков оствари средба со Унгарскиот амбасадор Андраш Клајн

Охрид: Градоначалникот Пецаков оствари средба со Унгарскиот амбасадор Андраш Клајн

Градоначалникот Кирил Пецаков вчера оствари средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Андраш Клајн, кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид.

На средбата се разговараше за можноста за прoдлабочување на соработката помеѓу Охрид и Унгарија особено во областа на туризмот.

Градоначлникот го запозна амбасадорот со приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината и идните инвестиции во повеќе области. Се разговараше и за теми поврзани со културното наследство и можноста за организирање на културни манифестации поддржани од Унгарската амбасада.

По средбата со градоначалникот, амбасадорот Клајн придружуван од службите на Општина Охрид беше во посета на ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец, каде што се запозна со условите за работа и можностите за донирање на техничка опрема во ова училиште.

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...