spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Подготовки за нови активности од програмата „Зајакнување на општинските совети“

Прилеп: Подготовки за нови активности од програмата „Зајакнување на општинските совети“

Во рамките на програмата “Зајакнување на општинските Совети – фаза 2“ во Општина Прилеп се одржа воведна работилница за изработка на првиот интегриран локален развоен план (ИЛРП) на општината за период 2024-2027 година. Во проектот се вклучени 17 општини, а изработката на Интегрираните локални развојни планови ќе се спроведува според утврдена методологија каде како прв чекор е формирање на тим за локален развој кој ќе биде вклучен во сите фази на изработката на документот. Процесот е партиципативен, интегрирачки и инклузивен, а вклучува повеќе фази и активности. Целта на овој процес е да се обезбеди зголемено учество на граѓaните за одржување на локалната демократија и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните, а главен носител на проектот е локалната власт.


На работилницата беа присутни претставници на сите засегнати странии на локално ниво. Од страна на консултантите беа презентирани насоките за спроведување на процесот за подготовка на интегрираниот локалeн развоeн план на општината, а главен акцент беше ставен на подготовка на SWOT анализите за сите области значајни за локалниот развој на општината.

Проектот “Зајакнување на општинските Совети“ се реализира во соработка со УНДП и Швајцарската Агенција за развој и соработка, со финасиска поддршка на Швајцарската Влада и Министерство за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.

Извор: Општина Прилеп

Прочитајте

Велес: Реконструкција на улицата „Луј Пастер“

0
Целосно ќе се реконструира улицата „Луј Пастер“. Во тек се подготвителни зафати за отпочнување на реконструкцијата на улицата, се руши потпорниот ѕид со цел...