spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Денеска е Светски ден на поезијата, МОН континуирано ги поттикнува младите...

МОН: Денеска е Светски ден на поезијата, МОН континуирано ги поттикнува младите да читаат и да се изразуваат преку оваа литературна форма

Популаризација на поезијата како литературна форма и највисок јазичен израз е една од целите кон кои се насочени заложбите на Министерството за образование и наука во тековниот период. Со прифаќањето на младите да читаат и да создаваат лични литературни творби, се поттикнува нивната имагинација, но и креативноста како основна карактеристика која придонесува кон позитивни резултати и личен просперитет.

Денеска е Светски ден на поезијата. Министерството за образование и наука ги објавува резултатите од конкурсот наменет за основци и средношколци за избор на најдобра песна, кој во соработка со поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ беше објавен минатиот месец, а токму по повод одбележувањето на овој ден.

МОН и поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ изразуваат благодарност до сите учесници на натпреварот и им честитаат на победниците. Бројот на доставени лични дела, покажа дека кај младите постои голем интерес да творат, односно да се изразуваат преку оваа литературна форма.

Како дел од активностите за одбележување на Светскиот ден на поезијата, во текот на овој месец, за време на наставата по мајчин јазик во училиштата беше одржан и еден специјален час посветен на празникот на поезијата, при што учениците беа подетално запознаени со една од најблагородните и возвишени уметности на пишаниот збор. Пред младите беа презентирани и примери од најпознатите светски и домашни поети како и значењето на „Струшките вечери на поезијата“ како еден од најзначајните светски поетски фестивали, а беа прочитани и стихови од годинешните добитници на „Златниот венец“ и „Мостови на Струга“ како највисоки признанија кои се доделуваат на овој фестивал.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Карпош: ,,Водно во Карпош-Карпош на Водно“ на КЦК

0
Во организација на Креативниот центар-Карпош, денеска, во дворот на ООУ,,Вера Циривири-Трена “, се одржа завршниот настан од проектот насловен ,,Водно во Карпош-Карпош на Водно“....