spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Министерот Николовски во Охрид на средба со концесионери на ловиштата од...

МЗШВ: Министерот Николовски во Охрид на средба со концесионери на ловиштата од југозападниот дел

Вчера во Охрид министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски одржа средба со дванаесет концесионери на ловиштата од југозападниот делна државата, на која се разговараше за новиот Закон за дивеч и ловство. 

Преку новиот реформски Закон за дивеч и ловство, креиран партнерски со сите засегнати страни, по европски стандарди, отвараме ново поглавје за ловството и ловџиите, истакна на средбата министерот Николовски. 

Една од најважните новости во овој закон е што се излегува од рамките на законот за концесии, каде беше заробен цели 27 години, па сега дивечот ќе се дава во една брза, поедноставна постапка врз утврдени критериуми.Укинувајќи ја поделбата на крупен и ситен дивеч, со што дивечот се дава на користење на 20 години, а не на 10 како досега.

Со новиот закон ловната сезона за дивата свиња се продолжува. Законот исто така дава можност, да по истекот,на Договорите за концесија, до склучување на нов договор, дивечот и ловиштата ги стопанисува досегашниот корисник.Во новиот законот на Ловечката федерација и даваатшироки овластувања околу обука и подготовка за полагање на ловечки испит и се зајакнува безбедноста при ловот. 

На средбата министерот Николовски заедно со концесионерите на ловиштата од југозападниот дел ја потврдија заедничката заложба за европско ловство, според европски регулативи и стандарди.

Извор:: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...