spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Со 300.000 единки подмладок на охридска пастрмка оваа година го порибуваме...

МЗШВ: Со 300.000 единки подмладок на охридска пастрмка оваа година го порибуваме Охридското езеро

Министерот Љупчо Николовски денеска во селото Шум, Струга, го посети регистрираниот репроцентар „Шум“,кој работи во рамките на Институтот за сточарство и рибарство – Скопје.

Оваа година со 300.000 единки подмладок охридска пастрмка добиен од колекционираната икра од реализираниот вештачки мрест го порибуваме Охридското езеро. Вложивме 1,5 милиони денари во одржување на популацијата на Охридската пастрмка во Охридско езеро. Со реализацијата на активностите за изведување на вештачкиот мрест во Охридско езеро, се надевам дека ќе се обезбеди предвидената количина на подмладок од охридска пастрмка и успешно ќе се пориби езерото во 2024 година, истакна министерот Николовски. 

Министерот Николовски во мрестилишната сала и инкубаторите на мрестилиштето имаше можност да ја види фазата на инкубација на икрата и започнувањето на фазата за одгледување на личинките и подмладокот.

Како министерство и оваа година во Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата, се предвидени средства во износ од 3 милиони денари,наменети за изведување на вештачкиот мрест и порибување на Охридското Езеро со подмладок од Охридска пастрмка во 2025 година.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

АФПЗРР: Примопредавање на должноста Директор помеѓу Директорот Бачовски и новоименуваниот Директор...

0
Денеска во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се изврши примпоредавање на должноста Директор помеѓу Директорот Никица Бачовски и...