spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДемир Капија: Работилница за унапредување на транспарентноста на локално ниво - USAID

Демир Капија: Работилница за унапредување на транспарентноста на локално ниво – USAID

Општина Демир Капија упатува срдечна благодарност до целиот тим на USAID North Macedonia и Strengthening Resource Mobilization Activity – North Macedonia за несебичната поддршка, посветеност и поттик за развој на нашата општина и нашата заедница, во стремежот за зголемување на активната транспарентност на локално ниво.

Проектот „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ ни овозможи потранспарентна изработка на нова веб-страна на Општина Демир Капија по сите стандарди, преку изготвениот Кодекс за транспарентност на локално ниво, со што придонесуваме за информирана и ангажирана заедница која ќе води кон попросперитетна општина.

Новата веб-страна ќе биде активна во текот на месец март, а ќе претставува платформа на која заинтересираните ќе ги добиваат сите потребни информации и услуги на општината, општинските институции, бизнис и НВО секторот.

Извор: Општина Демир Капија

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...