spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниМЛС: Завршена обука за корисници на Стратешкиот проект во Скопје

МЛС: Завршена обука за корисници на Стратешкиот проект во Скопје

На 11 март 2024 година, во соработка помеѓу Националниот орган – Министерството за локална самоуправа и Заедничкиот секретаријат на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија, успешно беше организирана обука за бенефициентите на стратешкиот проект „Изградба на нов граничен премин Берово – Струмјани („Клепало“) помеѓу Бугарија и Северна Македонија“.

Во текот на обуката, учесниците имаа можност да се запознаат со различни аспекти од спроведувањето на проектот. Темите беа разнообразни, вклучувајќи техничка имплементација, известување, мониторинг, измена на договорот, финансиско управување, јавни набавки, како и идентификување на вообичаени грешки, неправилности и измами. Понатаму, нашите учесници беа запознаени со работата во системот JeMS, како и со процесот на верификација, информации и видливост.

Специјална благодарност до претставниците на македонскиот бенефициент, Царинската управа, кои имаа активна улога во обуката и допринесуваат за успешна реализација на проектот.

Оваа обука е значаен чекор во имплементацијата на проектот, што без сомнение ќе придонесе за успешната изградба и рехабилитација на граничниот премин „Клепало“, како и за подобрување на соработката меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Извор: Министерство за локална самоуправа

Прочитајте

Карпош: Еко викенд со ,,Генералка Викенд“

0
Општина Карпош и оваа година се придружи на националната еко акција, ,,Генералка Викенд“, во која се спроведе активно чистење на територија на цел Карпош,...