На 20.02.2024 година, се започна со реконструкција (бетонирање) на дел од еден од главните канали за наводнување во урбаниот дел на Вевчани.
„Секојдневно сме сведоци на поплавени земјоделски површини и излевање на вода по улиците низ Вевчани поради дотраеноста на каналите за наводнување кои истовремено се користат и за одведување на атмосферски води.
Неопходна е нивна реконструкција со цел трајно по системот за наводнување и одведување на атмосферските води во Вевчани“ Истакна градоначалникот Кочовски.
Извор: Општина Вевчани