spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Герасимовски - Општината е пример за инклузија на сите деца...

Центар: Герасимовски – Општината е пример за инклузија на сите деца со попреченост

Денес на Денот за подигање на свеста за церебралната парализа градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со директорот на ЈУМЦСР Изеир Мемеди ја посети работилницата во Центарот за деца со церебрална парализа отворен во ООУ „Киро Глигоров“ на која покрај децата со церебрална парализа се приклучија и второодделенците од училиштето и децата од Центарот со Даунов синдром.

„Општина Центар ја негува инклузивноста, а доказ за тоа е и ова училиште кое всушност е прво училиште во државата со отворен дневен Центар за деца со церебрална парализа. Центарот има капацитет за згрижување на 40 корисници, а во моментов го посетуваат 32. На денешната работилница може да видиме дека децата одлично се дружат, тие овде ја добиваат целата поддршка согласно нивните индивидуални потреби, имаат на располагање стручен кадар но и најсовремени средства и дидактички материјали. Овој Центар претставува голем чекор којшто обезбедува инклузија за сите деца со попреченост“, порача Герасимовски.

Центарот за деца со церебрална парализа започна со работа во 2019 година, тој се протега на површина од 305 м2 и истиот е опремен со антибактериски подови, тоалети адаптирани за потребите на лицата со церебрална парализа, кујна по хасап стандарди, рампи за пристап до ботаничка градина и спортски терени во училиштето, клинео плафони, адаптибилно загревање и интерактивни табли.

Општина Центар преку отворање на ваков центар покажува грижа и целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството како и огромното значење за локалната заедница во обезбедување поквалитетен живот за сите граѓани во целата заедница. Хуманото и инклузивно образование кое го негува Општина Центар особено во ООУ „Киро Глигоров“ е пример кој треба да го следи секоја општина.

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Карпош: Еко викенд со ,,Генералка Викенд“

0
Општина Карпош и оваа година се придружи на националната еко акција, ,,Генералка Викенд“, во која се спроведе активно чистење на територија на цел Карпош,...