spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Љубомир Данов победник на Карпош Рапид 2024

Карпош: Љубомир Данов победник на Карпош Рапид 2024

По победата над својот ривал во последното деветто коло на „Карпош Рапид 2024“, Бугаринот Љубомир Данов ја потврди својата доминација на шаховската табла и го освои првото место на овој Меѓународен турнир кој се одржа викендов во хотелот „Александар Палас“. Второто место го освои бугарскиот Велемајстор Петар Дренчев, додека пак за третата позиција се избори македонскиот ФИДЕ мајстор Дејан Динев. Награди освоија и четвртопласираниот Дејан Стојановски (МКД), петтопласираниот Милош Станковиќ (СРБ), потоа, Филип Михов (МКД) кој го освои шестото место, Атанас Кизов кој се најде на седмата позиција, осмопласираниот Драгољуб Јачимовиќ (МКД), Тони Лазов (МКД) кој се позиционираше на деветтото место, како и десеттопласираниот Михаило Ѓокиќ од Србија.

Во рамки на турнирот, посебни награди добија и шесторица натпреварувачи кои беа класифицирани во неколку различни категории. Имено, за најдобро пласирана шахистка беше прогласена Драгана Николовска (МКД), а за најдобро пласиран јуниор под 18 години беше прогласен Антон Златков од Македонија. Во категоријата најдобро пласиран ветеран над 65 години доминираше Бугаринот Методи Стоинев, а за најдобро пласиран играч без меѓународна титула со рејтинг до 2100 беше прогласен македонскиот шахист Ванчо Спасов. Во категоријата најдобро пласиран играч без меѓународна титула со рејтинг до 1900, убедлив резултат постигна Павел Крстевски (МКД), додека пак, Никола Радоњанин беше прогласен за најдобро пласиран играч – жител на општина Карпош.

Инаку, на овогодинешниот  турнир „Карпош Рапид 2024“ којшто е од меѓународен карактер, учествуваа шахисти од Македонија, Косово, Србија, Бугарија и Германија.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Велес: Реконструкција на улицата „Луј Пастер“

0
Целосно ќе се реконструира улицата „Луј Пастер“. Во тек се подготвителни зафати за отпочнување на реконструкцијата на улицата, се руши потпорниот ѕид со цел...