spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Втор пленарен состанок на телото за координација на политики

МЛС: Втор пленарен состанок на телото за координација на политики

Дигитализацијата на локалните услуги е неодминлив процес кој што ќе се имплементира преку сет на активности кои веќе се дефинирани во нацрт Акцискиот план за спроведување на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација, за периодот 2024-2026 година.

Ова беше констатирано на состанокот на механизмот за координација на политики во областа на локалната самоуправа, воспоставен од Делегацијата на ЕУ и СЕП, на кој учествуваа претставници од надлежните институции и од донаторската заедница.

На состанокот беше нагласено дека активностите се веќе започнати во рамките на неколку проекти што Министерството за локална самоуправа веќе ги спроведува со УНДП, а во наредниот период се планира посистемски приод во дигитализацијата на внатрешните процеси и услуги во управувањето со јавните финансии и локалните даноци и такси.

Целта е во наредните три години да се создадат услови за опфат на сите општини, за пристап на граѓаните до стандардизирани  Е-услуги на локално ниво преку единствениот портал за Е-услуги, како и зголемување на транспарентноста и отчетноста преку користење на е-алатки кои што овозможуваат по инклузивен пристап и го поттикнуваат граѓанското учество. 

На состанокот беше презентиран нацрт Акцискиот план, со акцент на  активностите за дигитализација на локално ниво, како и можностите за обезбедување на поддршка од донаторската заедница за нивно спроведување.

Извор: Министерство за локална самоуправа

Прочитајте

Бутел: Голема Еко Акција на Скопска Црна Гора

0
По повод одбележувањето на 20-годишнината од членството на Република Словенија во Европската Унија, во духот на „Зелена Словенија“ градоначалникот Дарко Костовски се приклучи на...