spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Водач за Регистрација на Производители

МЖСПП: Водач за Регистрација на Производители

Управата за животна средина информира дека сите производители кои имаат обврска да се регистрираат согласно Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад („Сл. весник на РСМ“ бр.215/2021) и Правилникот за формата и содржината на барањето за регистрација од страна на производителот,  барањето за бришење од Регистарот на производители со проширена одговорност, формата и содржината на Регистарот за производители со проширена одговорност, начинот на чување и одржување на регистарот, како и формата и содржината на потврдата за регистрација на производителот во Регистарот на производители со проширена одговорност и потврдата за бришење на производителот од Регистарот на производители за проширена одговорност („Сл. весник на РСМ“ бр.58/2022) образците за регистрација (на македонски јазик и двојазично (МК и АЛБ) може да ги превземат од следниот линк:

www.moepp.gov.mk /Национално законодавство/ПРОШИРЕНА ОДГОВОРНОСТ НА

ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД/ПОДЗАКОНСКИ АКТИ

Оние производители кои ќе достават барање од Прилогот 1 на македонски јазик, ќе добијат потврда на македонски јазик. Произвоителите кои ќе достават двојазично барање од Прилогот 1 ќе ја добијат потврдата на македонски и албански јазик. Производителите кои вршат пласирање на одделни производи на пазарот во Република Северна Македонија, со чија употреба се создава отпад што припаѓа на повеќе посебни текови на отпад (на пример и отпад од пакување, отпадни батерии, текстил, возила итн.) поднесуваат посебно барање од Прилогот 1 за секој посебен тек на отпад. Барањето се доставува на хартија во писарницата на Министерството за животна средина и просторно планирање. Ова ќе биде постапката, се до воспоставувањето на електронскиот систем за регистрација на производителите.

Со поднесеното барање од Прилог 1 се поднесува и:

–  копие од Тековната Сметка издадена од Централен Регистар на Република Сверна

Македонија,

–  уплатница од 50 денари за административна такса (за секое поднесено барање за регистрација),

Жиро сметките може да се превземат од следниот линк:

www.moepp.gov.mk  / Сервиси / Жиро сметки/Жиро сметка за административна такса за барање за регистрација на производителите

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...