Една од најразвиените Општини во Турција, Oпштина Бахчелиевлер додели донација за Општина Арачиново пред неколку месеци, која вклучува канти за отпад, дрвени седишта, облека и спортска опрема.
По состанокот помеѓу градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими со Градоначалникот на Бахчеливер д-р Хакан Бахадир, беа обезбедени две детски игралишта. Градоначалникот на Арачиново изразува специјални благодарности за поддршката на нашата Општина од Општина Бахчелиевлер од Република Турција.
Извор: Општина Арачиново