spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Прва земја од Западен Балкан што го усвои националниот акциски план...

МЗ: Прва земја од Западен Балкан што го усвои националниот акциски план за здравствена безбедност

Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан што го усвои националниот акциски план за здравствена безбедност (НАПЗБ), гарантирајќи дека здравствениот систем на земјата може да ги заштити своите граѓани од закани од болести. Ова ќе помогне да се унапреди здравствената безбедност во земјата преку ангажирање партнери, обезбедување ресурси и градење капацитети за имплементација на Меѓународниот здравствен правилник – глобалната рамка за координација на управувањето со итни случаи во јавното здравје.

Усвоениот национален план е развиен од национални и меѓународни експерти и претставници од различни министерства и одделенија. СЗО обезбеди континуирана директна техничка поддршка, а Европската унија ја поддржа со финансиска помош. Во заеднички мултисекторски потфат, повеќе од 40 клучни чинители од различни сектори се сплотија за да го поддржат развојот на планот и да го користат пристапот НАПЗБ, кој е од клучно значење за решавање на приоритетните активности за зајакнување на капацитетите за национална здравствена безбедност.

„Усвојувањето на овој план е важен чекор напред во зајакнувањето на нашата посветеност за заштита на здравјето и благосостојбата на нашите граѓани“, рече д-р Илир Демири, министер за здравство на Северна Македонија, во своето обраќање на состанокот во Скопје. каде НАПЗБ беше официјално претставен, заедно со националните власти, клучните општествени чинители и медиумите.

„Нè прави горди што водиме во заложбите за усвојување на пристапот НАПЗБ во регионот“, додаде тој, посочувајќи дека „ние сме благодарни за посветеноста и напорната работа на нашиот тим во Министерството за здравство и на сите колеги од целиот свет, од сите сектори, како и до СЗО за нејзината непоколеблива поддршка на подобро подготвен и отпорен здравствен систем за нашата земја во иднина“.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Велес: Реконструкција на улицата „Луј Пастер“

0
Целосно ќе се реконструира улицата „Луј Пастер“. Во тек се подготвителни зафати за отпочнување на реконструкцијата на улицата, се руши потпорниот ѕид со цел...