spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Герасимовски - Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки, ви благодарам...

Центар: Герасимовски – Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки, ви благодарам за тоа

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски завчера вечер присуствуваше на тренингот на КК Работнички во салата Кале. Со кошаркарите разговараа за издигнувањето на тимот и потребите за достигнување на високи резултати и на следните натпревари.

„Сакам да се заблагодарам пред се и на тренерот на цел стручен тим но и на сите играчи за одличните резултати коишто ги имаме годинава. Успеавме со клубот од невозможно да направиме возможно. Клубот којшто го начекавме пред две години на 10то место со 4-5 неисплатени плати и долг од 600 000 евра да го вратиме на победничките патеки. Важно е што во моментов табелата трепка што сме на прво место и се надевам дека тоа така ќе остане и до крај. Јас верувам дека ќе имаме успех оваа сезона и уште поголем успех следната“, им порача Герасимовски на кошаркарите.

При средбата Герасимовски ги извести играчите дека Општина Центар го има имотниот лист на салата и успеа да го исполни ветувањето дека ќе ја врати сопственоста на салата под ингеренции на општината. Општина Центар на крајот на минатата година доби финансиски средства од Владата во вредност од 30 милиони денари наменети за реконструкција на салата, при што Герасимовски ги информираше играчите со процесот и проект планот кој е веќе во изработка за реновирање на матичната сала на Работнички. Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки, ви благодарам за тоа, порача Герасимовски.

Извор: Општина Центар

Прочитајте

МЕП: Средба на министерот Муртезани со австрискиот амбасадор Памер

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше средба со амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија, Мартин Памер. Главен фокус на разговорот беа...