spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниМогила: Усвоен Локалниот акциски план за управување со отпад

Могила: Усвоен Локалниот акциски план за управување со отпад

Општина Могила го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад. На територијата на Општина Могила има потреба од воспоставување на основна инфраструктура за собирање, селектирање, третман и преработка, како и отстранување на отпадот. За таа цел, ќе ги зајакнеме обврските на сите чинители во управувањето со отпадот и ќе обезбедиме соодветна примена на начелата на циркуларната економија заради минимизирање на количините на отпад и заштита на ресурсите.

Имајќи го ова предвид, Општина Могила изготви Локален акциски план за управување со отпад што ќе биде водечки документ со кој општината ќе успее да го модернизира својот начин на справување со отпадот, ќе обезбеди соодветна услуга за секој граѓанин со можност за селекција и ќе ги намали количините на депониран отпад. Преку овој акциски план, Општина Могила ќе осигура дека отпадот кој ќе биде отстранет нема да предизвикува негативни влијанија врз околината на начин што посебните текови на отпад ќе бидат третирани соодветно, истовремено справувајќи се и со нелегалното и нестандардизирано управување со отпад.

Соодветното поставување на системот за управување со отпадот и неговото развивање, функционирање и одржување е должност кон околината, кон животната средина и кон идните генерации.

Локалниот акциски план го подготви работна група составена од членови на општинската администрација и јавното комунално претпријатие, со поддршка од SALAR International и Шведската агенција за меѓународен развој.

Планот е достапен на следниот линк:

Локален акциски план за управување со отпад 2024 – 2025 

LAP Mogila_MK Final

Извор: Општина Могила

Прочитајте

МОН: Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на...

0
Централноевропска програма за размена во областа на  универзитетските студии    (CEEPUS-Central European  Exchange Program for University Studies)  објавува: КОНКУРС за стипендии за студиски престој во земјите членки...