spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаНАЕОП: Д-р Караџинов: Топло препорачувам студентите да реализираат студентска мобилност преку програмата...

НАЕОП: Д-р Караџинов: Топло препорачувам студентите да реализираат студентска мобилност преку програмата Еразмус+

Еразмус+ мобилноста на медицинскиот факултет во Белград ми овозможи да останам во контакт со повеќе колеги, асистенти и професори кои се од важност за понатамошното мое учење и кариерно усовршување во областа.

Разговараме со д-р Лео, кој ги споделува со Националната агенција искуствата и придобивките од неговата студентска мобилност и пораките кои ги испраќа до студентите кога е во прашање програмата Еразмус+

Каде ја реализиравте Вашата мобилност, што студирате и како ја добивте таа можност да бидете дел од Еразмус+?

Јас ја реализирав ЕРАЗМУС+ програмата на медицинскиот факултет при универзитетот во Белград, Србија. Студирав општа медицина, а можноста ја добив со пријава во групата за Еразмус на нашиот факултет и рангирање по просек и селекција на местата за кои сакаме да одиме.

За каква мобилност станува збор, што конкретно изучувавте?

Стануваше збор за мобилност од еден семестар, последниот во кој обавувавме клиничка пракса. Одевме по разни клиники низ Белград, почнувајќи од педијатрија, па интерна медицина, па хирургија, семејна медицина и гинекологија.

Кои се придобивките од мобилност преку Еразмус+, како кариерно Ви помогна оваа мобилност?

За мене искуството беше прекрасно бидејќи Белград е огромен град. Кога е во прашање медицината е идеално за учење бидејќи имаше мноштво патологии кои не би ги сретнале кај нас. Одговорните лица за Еразмус од Белград беа прекрасни и менторите со кои не’ сместија беа фантастични.

Во однос на мојот личен развој преку оваа размена изградив повеќе самодоверба бидејќи имав повеќе прилики практично да пробам, видам и направам одредени медицински интервенции.

Дали покрај кариерна придобивка, Еразмус+ Ви помогна да стекнете нови пријателства и контакти и како тоа го подобрува вашиот живот?

Искуството преку програмата Еразмус+ ми покажа дека има многу позитивни прилики за социјализзација, градење и остварување на долгорочни пријателства. Еразмус+ мобилноста на медицинскиот факултет во Белград ми овозможи да останам во контакт со повеќе колеги, асистенти и професори кои се од важност за понатамошното мое учење и кариерно усовршување во областа.

Дали го препорачувате Еразмус+, што би им советувале на сите оние кои досега немале искуство со мобилноство програмата Еразмус+?

Земајќи го во предвид моето лично искуство преку програмата Еразмус+ топло препорачувам студентите да реализираат вакви мобилности. Јас имав фантастично искуство, студентски дружења и нови пријателства. Потенцирам дека личниот развој запознавањето на друга култура е бесценето. Она што можеби е најважно е дека сите овие искуства ги добиваш додека истовремено учиш и професионално се развиваш.

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...