Одделението за локален економски развој согласно предвидена активност Форум на работодавачи која е дел од ПРОГРАМА за активностите на Општина Свети Николе во областа на локалниот економски развој во 2024 година, како еден од организаторите и учесник на настанот, упатува
ЈАВЕН ПОВИК до сите заинтересирани граѓани и работодавачи за присуство на едукативни презентации во Општина Свети Николе и тоа во следниве фази, кои се дел од активност Форум на работодавачи:
1 фаза – презентирање на активните програми и мерки за вработување на Националниот оперативниот план за вработување
– дел 1 кон заинтересираните работодавачи;
– дел 2 и презентирање на активните програми и мерки до заинтересираните невработени лица и останати граѓани за вработување и самовработување.
Настанот е од отворен карактер и е отворен за сите заинтересирани граѓани и работодавачи.
Локација на настаните: Голема сала на советот на Општина Свети Николе
Време на одржување:
Ден 02.04.2024 г.
Во 13:00 часот
– дел 1 презентирање на активните програми и мерки кон заинтересираните работодавачи
Ден 03.04.2024 г.
Во 13:00 часот
– дел 2 и презентирање на активните програми и мерки до заинтересираните невработени лица и останати граѓани за вработување и самовработување.
Дополнителни информации може да се добијат кај:
Ивица Арсов
Општина Свети Николе
Канцеларија бр. 11 ЛЕР (приземје)
Или на е-адресата ler@svetinikole.gov.mk
Извор: Општина Свети Николе