spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВиница: Граѓанска иницијатива на тема ,,Безбедноста на учениците надвор од училишните згради”

Виница: Граѓанска иницијатива на тема ,,Безбедноста на учениците надвор од училишните згради”

На 16.03.2024 во училишниот двор на ОУ ”Гоце Делчев“ Виница, група на граѓанки организираа настан на тема „Безбедноста на учениците надвор од училишните згради”. Акцентот беше ставен на сообраќајната сигнализација околу училиштето за која се смета дека е недоволно забележлива како за возачите, така и за учениците кои секојдневно ги минуваат овие улици. Мотото со кое оваа групадејствуваше беше “Дизајнирај го својот БЕЗБЕДЕН СВЕТ. Дојди и КРЕИРАЈ го твојот сообраќаен знак”.

На настанот беа присутни родители, ученици и други засегнати страни кои активно се вклучија во обележување на пешачки премини, изработување и поставување на креативни сообраќајни знаци, како симболичен гест за потсетување и апел до одговорните да ја подобрат актуелната состојба. Поставените знаци треба да се потсетник и за возачите да возат со намалена брзина, но и за децата да бидат крајно претпазливи кога ги преминуваат улиците. Со оваа акција беше пренесена пораката БЕЗБЕДНИ УЛИЦИ = СРЕЌНИ ДЕЦА .

Активноста е непартиска граѓанска иницијатива во рамки на програмата „Girl’s power” како дел од проектот на граѓанската организација СИГА ,,Girls’ Leadership Initiative for Community Empowerment”, кој е поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, како дел од регионалниот проект ,,Социјално вклучување на ранливите групи на Западен Балкан”.

Извор: Општина Виница

Прочитајте