spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваЈавен повик за доделување на парична награда за освоена прва, втора или...

Јавен повик за доделување на парична награда за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, бронзен медал на меѓународен натпревар на математиката, информатиката и природните науки, на ученикот, на наставникот кој му го предава предметот од овие области, како и на менторот кој го подготвувал ученикот за натпреварот

Врз основа на член 45 став (4) од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/19 и 229/20), Министерството за образование и наука објавува

Ј А В Е Н    П О В И К

за доделување на парична награда за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, на ученикот, на наставникот кој му го предава предметот од овие области, како и на менторот кој го подготвувал ученикот за натпреварот

1. Услов за учество

            На Јавниот повик за доделување на парична награда за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, на ученикот, на наставникот кој му го предава предметот од овие области, како и на менторот кој го подготвувал ученикот за натпреварот може да се пријават:

–  ученици – државјани на Република Северна Македонија, запишани во основно училиште на територијата на Република Северна Македонија,

– наставник – државјанин на Република Северна Македонија, вработен во основно училиште на територијата на Република Северна Македонија, кој му го предава предметот од овие области на ученикот и го подготвувал ученикот за натпреварот и

– менторот – државјанин на Република Северна Македонија, кој го подготвувал ученикот за натпреварот, а кои освоиле прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, одржан во учебната  2023/2024 година.

            Под меѓународен натпревар се подразбира натпревар на кој учествуваат ученици од најмалку десет различни држави, на кој се споредуваат знаењата помеѓу учениците од различните држави и се врши рангирање на најдобрите ученици од сите земји кои учествуваат.

            Министерството за образование и наука, за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки доделува парична награда во висина согласно член 45 став (1) од Законот за основното образование.

2. Начин, потребна документација и рок на пријавување

            Ученикот, заедно со наставникот кој му го предава предметот во училиштето и менторот кој го подготвувал за натпреварот, треба да достави Пријава со која во прилог ги доставува и следните документи:

 (симни Пријава)

            – Уверение за државјанство за ученикот во оригинал или копија заверена на нотар,

            – Уверение за државјанство за наставникот во оригинал или копија заверена на нотар,

            – Уверение за државјанство за менторот во оригинал или копија заверена на нотар,

            – Потврда дека е запишан како редовен ученик во основно училиште во учебната 2023/2024 година;

            – Потврда за наставникот дека е вработен во  основно училиште;

           – Потврда од установата за менторот дека е вработен каде што работи;

            – Фотокопија од диплома, пофалница, односно сертификат за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, за ученикот, наставникот и менторот;

            – Трансакциска сметка на ученикот, наставникот и менторот;

            – Доказ со кој ќе се потврди дека натпреварот е меѓународен од областа на математиката, информатиката и природните науки и на кој учествувале ученици од најмалку десет различни држави;

            – Изјава потпишана од директорот на училиштето за наставникот, дека тоа е наставникот кој му го предава предметот од овие области на ученикот и го подготвувал ученикот за меѓународниот натпревар;

            – Изјава потпишана од родител/старател на ученикот дека тоа е наставникот кој му го предава предметот од овие области на ученикот и го подготвувал ученикот за меѓународниот натпревар;

            – Изјава потпишана од акредитираното здружение на наставници за менторот, дека тоа е менторот кој го подготвувал ученикот за меѓународниот натпревар;

            – Изјава потпишана од родител/старател на ученикот дека тоа е менторот кој го подготвувал ученикот за меѓународниот натпревар;

            – Изјава потпишана од наставникот, дека тој е наставникот кој му го предава предметот од овие области на ученикот и го подготвувал ученикот за меѓународниот натпревар;

             – Изјава потпишана од менторот, дека тој е менторот кој го подготвувал ученикот за меѓународниот натпревар;

            – Изјава потпишана од родител/старател за согласноста за обработка на личните податоци на ученикот,

            – Изјава потпишана од наставникот за согласноста за обработка на личните податоци, и

            – Изјава потпишана од менторот за согласноста за обработка на личните податоци.

            Доколку наставникот кој го подготвувал ученикот заради неприсутво на натпреварот нема диплома, пофалница, односно сертификат за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, како доказ се сметаат изјавите од алинеите 10, 11 и 13 од оваа точка.

            Изјавите може да ги симнете на следниве линкови:

            Изјави за наставник од основно образование

            Изјава за менторот на ученикот

            Изјави за родител/старател на ученикот од основно образование

            Изјава за директорот од основното училиште

         Пријавите може да се доставуваат секој работен ден до Министерството за образование и наука (во писарницата на Министерството за образование и наука) или преку пошта на следната адреса: Бул. „Св.Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, со назнака „За Јавен повик за доделување на парична награда за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, на ученикот, на наставникот кој му го предава предметот од овие области, како и на менторот кој го подготвувал ученикот за натпреварот“, најдоцна до 30.09.2024 година.

 3. Доделување на награди

            Министерството за образование и наука ќе додели поединечно парична награда во износ од 100% од просечната нето плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред доделувањето на наградата за освоена прва награда/златен медал, 80% за освоена втора награда/сребрен медал и 60% за освоена трета награда/бронзен медал.

            Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат од страна на Министерството за образование и наука.

            Министерството за образование и наука за меѓународни натпревари кои се спроведуваат по електронски пат на далечина не доделува парична награда, како и за меѓународните натпревари кои се однесуваат на проекти.

            Исто така Министерството за образование не доделува парична награда за освоени први, втори или трети места на натпреварот за популаризација на математиката „Кенгур” бидејќи истиот не е меѓународен натпревар.

            Во Повелбата на Меѓународната асоцијација „Kangourou sans Frontieres” е наведено дека се организира таканаречената „Игри без граница“, за да се промовира основната математичка култура преку организирање на годишни натпреварувачки игри по математика, чија цел е да стимулираат и мотивираат што поголем број на ученици да размислуваат во насока на завземање учество на други активности, натпревари и олимпијади  по математика.

            Во истата повелба покрај останатото е наведено дека оваа игра е со цел да привлече максимален број на ученици без притоа да има каква било национална селекција на учесниците, ниту пак да се споредуваат знаењата помеѓу државите.

 izjava licni podatoci od nastavnik mk_1.docx

 izjava od zdruzenie za mentor mk_1.docx

 izjava od roditel za nastavnik mk_1.docx

 izjava od roditel za mentor mk_1.docx

 izjava od nastavnik za ucenik mk_1.docx

 izjava od mentor za ucenik mk_1.docx

 izjava od direktor za nastavnik mk_1.docx

 izjava licni podotoci od mentor mk_1.docx

 izjava licni podatoci za ucenik mk_1.docx

 prijava za osnovno mk_2.doc

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...