spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Меѓууниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи на дипломатската школа...

МОН: Меѓууниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи на дипломатската школа во Мадрид за 2024-2025 година

Амбасадата на Кралството  Шпанија во Скопје известува за огласот на шпанското Министерство за надворешни работи за прием на меѓууниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи на дипломатската школа за 2024-2025 година, насочени кон дипломатски службеници и кон кандидати не-дипломати.

Магистерските студии се консолидирани и познати како светска референца за подготовка на аналитичари и експерти за меѓународни односи и меѓународна политика, на шпански јазик.

Постои и можност за добивање стипендија.

Сите потребни информации може да се најдат на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Шпанија:https://www.exteriores.gob.es/es/Ministerio/EscuelaDiplomatica/Paginas/Master/M%C3%A1ster-edici%C3%B3n-2024—2025.aspx

Kраен рок за доставување на пријавите и потребната документација е 10 април 2024 година.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...