spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Заедно да изградиме нови мостови – втор отворен повик за предлози...

МОН: Заедно да изградиме нови мостови – втор отворен повик за предлози за фондот за интегрирано образование

Министерството за образование и наука и Мисијата на ОБСЕ во Скопје објавија втор повик за предлози во рамките на проектот на Мисијата „Градење нови мостови“, кој е дизајниран да ги подобри односите меѓу младите со различно потекло и јазици во текот на училишниот ден и преку заеднички наставни активности.

Повикот е за Фондот за интегрирано образование, кој ќе обезбеди поддршка на јавните училишта, факултети за обука на наставници/педагошки факултети и општините за промовирање на заеднички наставни активности меѓу децата кои учат на различни јазици и истиот е достапен на овој линк

Можностите за финансирање се дел од напорите на Мисијата да ја зајакне социјалната кохезија преку интегрирано образование и зајакнување на младите под покровителство на донаторите на Мисијата – Кралството Норвешка, Република Полска, Големото Војводство Луксембург и Соединетите Американски Држави. 

Проектот се надоврзува на претходната работа на Мисијата за меѓуетничка интеграција во образованието за унапредување на демократијата и социјалната кохезија во земјата, вклучително и оригиналниот фонд за градење мостови, кој поддржа речиси 200 училишта и градинки за организирање заеднички воннаставни активности од кои директна корист имаат повеќе од 35.000 ученици.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...