spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јавен повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните...

МОН: Јавен повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари

Врз основа на Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.269/23), министерот за образование и наука распишува

ЈАВЕН ПОВИК

За финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари

Се повикуваат учениците во основното и средното образование кои досега не се пријавиле или не ги исполнувале условите за добивање на финансиската поддршка на претходните повици, да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните, односно средните училишта.

Услови:

1. Да се државјани на Република Северна Македонија;

2. Да се редовни ученици во основното, односно средното образование

3. Да се ученици чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари

I. Начин на пријавување

Кандидатите треба да се пријават во училиштето во кое ученикот е запишан. При пријавувањето, кандидатите треба да ги пополнат обрасците за:

– основно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател;

– средно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател;

II. Потребни документи

1. Копија од трансакциска сметка на еден родител/старател подносител на пријавата;

2. Потврда од работодавачот за последно исплатена нето плата на двајцата родители/старатели;

3. Изјава за вистинитоста на сите податоци и докази потпишана од родител/старател подносител на барањето.

За лица кои не се во работен однос:

– потврда од Агенција за вработување на Република Северна Македонија или

– изводи од приходите од сите трансакциски сметки на име на родителите/старателите за претходниот месец односно до датумот на аплицирањето по овој повик или

– потврда/Решение за право на гарантирана минимална помош.

За регистрираните индивидуални земјоделци:

– изводи од сите трансакциски сметки на име на родителите/старателите за 2023 година.

Доколку е дете на починат родител:  

– извод од книгата на умрените и последен чек од пензија;

Доколку е дете од разведени родители:

– Решение од правосилна судска пресуда (подносител на пријавата е родителот/старателот и само тој доставува потребна документација по овој повик);

Доколку е дете на родител пензионер:

– последен чек од пензија;

За ученици кои се од вонбрачна заедница:

– со Изводот од матичната книга на родените на детето се доставува и соодветен доказ од Центарот за социјални работи. Во овој случај подносител на пријавата е родителот/старателот и единствено тој доставува потребна документација по овој повик.

Напомена: Министерството за образование и наука по службена должност има право да ја проверува веродостојноста на податоците кои ќе бидат доставени од училиштата до Министерството.

III. Рок за пријавување

Рокот за пријавување е од 05 до 12 април 2024 година

IV. Останати информации

Член 8 од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливата група на граѓани, се однесува за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари.

Сите други трансфери (субвенции, социјална помош, посебни додатоци, додаток за трето дете и сл.) не се сметаат за месечни нето примања по основ на плата.

За оние ученици кои не добиле финансиската поддршка на претходниот повик, а во меѓувреме ги исполниле условите, Министерството за образование и наука секој месец објавува јавен повик, најдоцна до петтиот ден од месецот.

Доколку учениците се веќе корисници на финансиска поддршка за месец декември, јануари и/или февруари, односно веќе ја имаат доставено целокупната документација, нема потреба повторно да доставуваат документи, освен во случај на промена на условите за користење на правото за финансиска поддршка.

Во случај на промени чие настанување влијае врз условите за стекнување или користење на правото за финансиска поддршка, како што е:  семејствата имаат вкупни месечни приходи од нето плата над 50.000 денари, родителот/старателот подносител на барањето за финансиската поддршка е должен за тоа да го извести училиштето во периодот од 15 ти до 19 ти април 2024 година.

Министерството за образование и наука на месечна основа врши исплата за учениците кои ги исполнуваат условите.

 Пријава Основно /Fletëparaqitje

 Пријава Средно/Fletëparaqitje

 Изјава Основно/Deklarate

 Изјава Средно/Deklarate

 Изјава податоци/Deklarate për vërtetësinë

 Упатство/Udhëzim

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...