На ден 30.03.2024 година општина Јегуновце спроведе еколошка акција за чистење на зелените површини на територијата на општина Јегуновце.
Во акцијата учествуваа вработени во училиштата, локалната самоуправа, општинското јавно претпријатие и многу други жители на општина Јегуновце.
Еколошката акција се спроведе во четири групи, тргнувајќи од:
- Ратае-Жилче-Шемшово
- Сиричино-Шемшово-Прељубиште
- Јегуновце-Подбреѓе-Јанчиште
- Раотинце-Копанце-Туденце-Сиричино
Оваа акција е со единствена цел и намена за целосно чистење на отпадот и чиста општина Јегуновце.
Во иднина најавуваме дека вакви акции ќе се реализираат повеќе, со цел да имаме почиста и поздрава средина во која живееме.
Сите граѓани да ја поддигнат свеста да не ја загадуваат животната средина и на тој начин да ја заштитат истата.
Извор: Општина Јегуновце