spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Партерно уредени тротоарите на улицата „Сава Михајлов“

Гевгелија: Партерно уредени тротоарите на улицата „Сава Михајлов“

Улицата „Сава Михајлов“ во Гевгелија доби уредени тротоари со павер-елементи. Реконструкцијата опфати расчистување и партерно уредување на тротоарите со поставување бекатон плочки и рабници. И тоа на потегот од социјалните згради до крстосувањето на улицата „Сава Михајлов“ со „Деко Ковачев“.

Увид во изведбените работи на улицата „Сава Михајлов“- Гевгелија изврши градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој истакна дека овој инфраструктурен зафат се реализираше по барањето на граѓаните кои живеат и секојдневно гравитираат во овој дел од градот, најавувајќи дека и во наредниот период локалната самоуправа ќе настојува да ги исполнува барањата на граѓаните за подобрување на патната ифраструктура во општина Гевгелија.

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте

МЈА: Прес-конференција на Министерот за јавна администрација / Konferenca për shtypin...

0
Во денешното излагање на Прес-конфернција за медиумите, Министерот за јавна админситрација, Горан Минчев, изјави: "Како што веќе знаете дека врз основа на Законот за изменување...