spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Потпошан договор за соработка Светската здравствена организација

МЗ: Потпошан договор за соработка Светската здравствена организација

Министерството за здравство, д-р Илир Демири, заедно со д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа денеска го потпишаа двогодишниот договор за соработка меѓу Министерството за здравство и Светската здравствена организација за периодот 2024 – 2025 година.

Министерот Демири потенцираше дека СЗО е постојан партнер на Министерството во заложбите за унапредување на капацитетите на нашиот здравствен систем.  

-Показател за нашата континуирана и успешна соработка се бројните проекти реализирани со поддршка на СЗО во јавните здравствени установи низ државата. Во оваа прилика би сакал да изразам искрена благодарност до  регионалниот директор на СЗО, д-р Ханс Клуге, за континуираната поддршка во насока на зајакнување на здравствениот систем во Северна Македонија, како и за постојаната поддршка од канцеларијата на СЗО во Скопје во спроведување бројни активности, рече Демири.

Во своето излагање, министерот посочи дека Северна Македонија е земја со аспирации кон Европската унија, и токму затоа се стремиме кон исполнување на сите обврски коишто произлегуваат од процесот на пристап кон ЕУ, како и исполнувањето на глобалните и регионални обврски, посебно на целите за одржлив развој на Обединетите нации, европската програма на СЗО за здравје 2021 – 2025 и патоказот за Западен Балкан.

Во своето излагање, регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге, честитајќи му на министерот за одличната соработка досега, изрази решеност за за продолжување на соработката и во иднина.

„Презедовме низа активности за да ги зајакнеме управувачките функции на Министерството за здравство. Многу сум горд на тие активности, бидејќи се од заеднички интерес. Ви се заблагодарувам за поддршката при успешното спроведување на здравствените политики на одржлив начин, Северна Македонија е пример за целиот регион на Западен Балкан.“  

Министерот Демири истакна: „Во изминатиот месец откако сум назначен на позицијата министер за здравство, еден од моите главни приоритети е токму одржувањето континуитет во спроведувањето на овие активности“.

Потпишувајќи го двогодишниот договор за соработка, министерот Демири и регионалниот директор Клуге, се заблагодарија за успешната работа и на колегите од СЗО во Скопје, предводени од д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Средба Маричиќ со Јанос Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора...

0
Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија.  На средбата се говореше за...