spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Учество на Конференција за борба против корупцијата

ДКСК: Учество на Конференција за борба против корупцијата

Генералниот секретар на Државната комисија за спречување на корупцијата  м-р Ирена Поповска учествуваше на првата Конференција за борба против корупцијата организирана од страна на Германската високообразовна установа „Хајделберг факултет во Скопје“, која се одржа на 04.04.2024 година.

На конференцијата се дискутираше за системот за јавни набавки во Република Северна Македонија, слабостите на истиот и ризиците од корупција како и за превенцијата и борбата против корупцијата во јавните набавки.

Во рамки на вториот дел од конференцијата Генералниот секретар на ДКСК  м-р Ирена Поповска имаше свое обраќање на тема Превенција на корупцијата во јавните набавки.

На конверенција поздравен говор одржа заменик германскиот амбасадор Отто Граф, а покрај генералниот секретар на ДКСК свои обраќања имаа преставници на Државниот завод за ревизија, Бирото за јавни набавки и ескперти од областа на казненото право.

Извор: Државна комисија за спречување на корупција

Прочитајте

Средба Маричиќ со Јанос Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора...

0
Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија.  На средбата се говореше за...