spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Град Скопје продолжува со реализација на инфраструктурни проекти за изградба на водоснабдувањето согласно програмата За модерно Скопје, каде решавањето на проблемите со водоводната мрежа е еден од приоритетите.

Градоначалничката на Град Скопје со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие Водовод и канализација, изврши увид во градежните работи за реконструкција на водоводната мрежа во населеното место Економија.

По барање на жителите на ова населено место се реализира проект за водоводна мрежа, со Ф160 во должина од 640 метри за водоснабдување на улица 1635. Со изведбата на водоводната мрежа на овој потег, се поставуваат и нови приклучоци со што се решава повеќедеценискиот проблем на жителите во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а долгорочно се решаваат и досегашните проблеми за поправките на честите дефекти на водоводната мрежа и загубите на вода.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Средба Маричиќ со Јанос Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора...

0
Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија.  На средбата се говореше за...