spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Велковски - Успеавме да обезбедиме 5 негуватели за ЈУ Завод за...

МТСП: Велковски – Успеавме да обезбедиме 5 негуватели за ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци “Скопје”

Лицата со попреченост од ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци “Скопје” ќе добијат 5 негователи, откако денеска на седница на Влада беше усвоена одлуката по барање на министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски.

“Денес успеав на седница на Влада да обезбедам вработувања на 5 негователи, кадар кој беше неопходен за непречено функционирање. За жал, корисниците ја немаа специјалната нега, дел од нив се заковани за креветите, со отворени рани и декубити, а други примаат храна преку сонда. Нема да дозволам во иднина да се загрозува функционирањето на процесот на деинститиционализација, а со тоа и здравјето на корисниците”, вели министерот Велковски. 

Лицата со попречености беа оставени на милост и немилост без нега и грижа од страна на претходното ракoводство, за што Велковски порачува дека социјалната политика и заштита е и ќе остане приоритет во неговото работење.

Извор: Министерство за труд и социјална политика

Прочитајте

Бутел: Голема Еко Акција на Скопска Црна Гора

0
По повод одбележувањето на 20-годишнината од членството на Република Словенија во Европската Унија, во духот на „Зелена Словенија“ градоначалникот Дарко Костовски се приклучи на...