spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Николовски - Со измените во законот за стокови резерви го градивме...

МЗШВ: Николовски – Со измените во законот за стокови резерви го градивме оризот во листата на статешки култури за државата

Нашето македонско бело злато, оризот, го вградивме во листата на статешки важни култури за државата. Исполнивме уште еден даден збор пред земјоделците. Измените во Законот за стокови резерви овозможуваат оризот, да биде опфатен како производ од исклучително значење за населението и се создаваат услови за негово чување како стоковни резерви, во вид на оризова арпа, истакна министерот Љупчо Николовски при денешната посета во Чешиново.

Измената на законот следува како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со што оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата.

Министерот Николовски нагласи дека ваквиот предлог произлегува од Националниот план за производство на храна, значаен документ што министерството за земјоделство го подготви уште во 2022 година, но и Националната Стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027 година, каде е предвидена мерка „Помош за складирање на производи“.

Измените во Законот за стокови резерви се веќе донесени од страна на Собранието, после скоро една година, неразбирлива блокада во Собранието. 

Оризот е наша важна, традиционална житна култура во нашата држава. Нашата поддршка, кон оризопроизводителите, сме ја докажале на дело. 

„Од оваа година оризопроизводителите, како и сите други земјоделци добиваат 100% зелена нафта. Субвенциите кон оризопроизводителите ги зголемивме за 300%. Обезбедивме поддршка кон производителите на ориз во набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и сушари за ориз. Бележиме добра цена на оризовата арпа, која оваа година достигнува и до 40 денари по килограм. Извозот, пак на ориз во 2023 година, достигна вредост од над 7 милиони евра девизен прилив“, истакна министерот Николовски.

Оризарите како и другите земјоделци, минатата година, за прв пат добија авансна исплата на дел од субвенциите, а навремено се исплатени и сите дополнителни субвенци, додаде министерот Николовски. Минатата недела реализирана беше исплатата кон 9.055 полједелци во вредност од 257,9 милиони денари.

Министерот Николовски при разговорите со оризопроизводителите информира дека и оваа година навремено ќе започне сезоната за наводнување. Системите се подготвени и веќе од оваа недела започнуваме со наводнување, истакна министерот Николовски.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Делчево: Известување за достава на Решенија за данок на имот за...

0
Почитувани граѓани, Ве известуваме дека службите од Општина Делчево започнаа со редовната теренска достава на Решенија за данок на имот за 2024 година, и Решенијата...