Учесниците во изборната кампања за Претседателските и Парламентарните избори 2024 година имаат обврска да поднесат извештај за примени донации на трансакциска сметка за изборна кампања и вкупен финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборната кампања согласно Правилникот (со образецот) даден во прилог.
Роковите за доставување на финансиските извештаи и институциите до кои извештаите се доставуваат се утврдени во член 84-б ставови (1), (2) и (3) и член 85 став (1) од Изборниот законик.