spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Распишан повик за мерка 3 од ИПАРД 3 програмата

МЗШВ: Распишан повик за мерка 3 од ИПАРД 3 програмата

Стартува повикот за мерката 3 од новата ИПАРД 3 програма, со вкупен буџет од 14 милиони евра за инвестиции од оваа мерка.

Мерката 3 се однесува на инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи.

Како приоритетни сектори во рамки на мерката 3 се: Млеко и млечни производи; Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина); Овошје и зеленчук (вклучувајќи компири и мешункасти култури); Житарки, мелнички производи и скроб;Растителни и животински масти и масла; Шира, вино, други ферментирани пијалаци, жестоки алкохолни пијалаци и оцет; Риба и рибни производи; Сточна храна и од фуражни култури;Други производи произведени врз основа на производите опфатени со Анекс I од Договорот;Производство на енергија преку преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса.

Финансиската поддршка, кај оваа мерка, се однесува на кофинасирање на инвестицијата до 50% од вкупно прифатливите трошоци. Поддршката по оваа мерка, може да достигне и до 60% кофинасирање, кај инвестиции во енергетска ефикасност, производство на биомаса и обновливи извори на енергија за сопствени потреби.

Минималната прифатлива вредност кај мерката 3 е инвестиција до 50.000 евра, додека максималната поддршка може да достигне до 1,5 милиони евра, по корисник.

Како корисници кај мерката 3 се јавуваат правни лица регистрирани во Централниот регистар на РСМ, како правни лица, согласно Законот за трговските друштва, и кои вработуваат помалку од 250 лица и кои имаат годишен обрт кој не надминува 50 милиони евра, и/или годишен биланс на состојба кој не надминува 43 милиони евра што одговара на сегашната дефиниција за микро, мали и средни претпријатија (МСП) која е содржана во Препораката на Комисијата 2003/361/ЕЗ.

Потоа задруги регистрирани во Централниот регистар во согласност со Законот за задруги и првенствено се занимаваат со земјоделска дејност, преработка на земјоделски производи и/или услуги директно поврзани со земјоделски активности. Како и здружени правни лица (за колективни инвестиции) кои се контролирани од земјоделски производители и се признати како такви според законот.

Заинтересираните апликанти повеќе информации за начинот на аплицирање, потребната документација, условите и прифатливите трошоци за инвестицијата, можат да најдат на веб страната на Платежната Агенција.

https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/IpardPovici/30

Земја лидер сме во спроведувањето на ИПАРД 2 програмата, со над 2.100 реализирани договори и искористени скоро 100% од средствата, односно 59,7 милиони евра. Лидерската позиција ја потврдиме и сме прва земја во регионот која успешно, на 1 септември 2023 година, ја започна реализацијата на новата ИПАРД 3 програма распишувајќи го повикот за мерките 1 и 7, ставајќи ги на располагање првите 30 милиони евра, поддршка за инвестиции.

Од страна на Платежната Агенција започнат е процесот за обработката на пристигнатите апликации од првиот повик за мерките 1 и 7. Очекуваме веќе во втората половина од годината да се склучат и договорите од првиот повик за мерките 1 и 7, а потоа да биде распишан и нов повик за овие мерки од ИПАРД 3 програмата.

Новина во ИПАРД 3 програмата е можноста за 50% авансна исплата на одобрената финасиска поддршка, веднаш по потпишувањето на договорот. 

МЗШВ ги повикува сите заинтересирани апликанти, навремено да се информираат за повикот и да аплицираат, искористувајќи ја можноста која преку оваа мерка од ИПАРД програмата им се става на располагање.

Извор Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

АХВ: Бабовски реизбран за генерален секретар на WOAH за Европа

0
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски вчера во Париз, Франција реизбран е за Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација...