spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Изложба на Македонскиот паничар во реонскиот парк

Ѓорче Петров: Изложба на Македонскиот паничар во реонскиот парк

Во реонскиот парк во Ѓорче Петров се одржа втората државна изложба за расата Македонски паничар на која присуствуваше градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, кој изрази голема поддршка за вакви настани кои имаат за цел сочувување на македонската традиција.

-На мое особено задоволство, дознав дека во најголем дел расата се развива во нашата населба. Преубав настан, кој покрај преубавите кученца, изобилуваше со културна програма преку играорни друштва, како и изработка на цртежи каде беа насликани голем број на кутриња од расата Македонски паничар – рече Стојкоски.

Градоначалникот изрази голема благодарност до организаторите на овој настан, кои ни овозможија да дознаеме повеќе за оваа раса, како и да погледнеме голем број кутриња кои ни го разубавија паркот.

-Општина Ѓорче Петров и во иднина ќе продолжи да поддржува манифестации од овој тип, се со цел нашите граѓани да можат да уживаат во убавата изложба и да сознаваат работи поврзани со нашето Ѓорче – додаде Стојкоски.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте